За ноктите да ви растат брзо најважно е да бидете здрави. На здравите нокти им е потребна исхрана која вклучува многу овошје и зеленчук. Доколку не сте задоволни со брзината на растот на вашите нокти можете да ги испробате овие трикови.

nokti

Сок од портокал 

Освен тоа што сокот од портокал треба да го пиете често, со него треба да ги мачкате и вашите нокти. Ноктите потопете ги во сок и држете ги околу10 минути. Портокалот е богат со витамин Ц и фолна киселина, па тоа ќе го потикне растот на вашите нокти.

Бел лук

Истолчете една чешне лук, втријте го на ноктите и оставете го да делува. Лукот ги зајакнува ноктите и ги прави отпорни. За да го отстраните непријатниот мирис, рацете истријте ги со лимонов сок.

Вежбање

Гимнастиката со рацете потикнува раст на ноктите. Добрата циркулација е важна за побрз раст на ноктите, па затоа куцајте на тестатура, пишувајте смс пораки, свирете клавир и правите слични вежби за вашите нокти наскоро да бидат долги и убави.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа