Нечистото лице е лоша подлога за нанесување хидрантна крема. Кожата на која се наоѓаат наслаги од мртви клетки нема да може да ја упие кремата како што треба, па затоа таа нема ни да делува. 

krema neocisceno lice

За да бидете сигурни дека кожата ги апсорбира сите хранливи состојки од кремата, еднаш седмично правете пилинг. 

Доколку имате полу сува кожа може да се одлучите за хидрантен лосион кој содржи алфа хидроксилни киселини. Таквите препарати не само што ги отстрануваат мртвите клетки, туку и ја хидрираат кожата. Но бидете внимателни доколку имате чувствителна кожа, алфа киселините можат дополнително да ја изиритираат нежната кожа. 

Доколку имате проблематична кожа избегнувајте ги агресивните пилинзи. Заблуда е дека на кожата склона на акни ѝ помагаат груби методи. Одлучете се за нежни пилинзи и применувајте ги два пати седмично.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21