Повеќето жени не обрнуваат внимание дека со зголемувањето или со намалувањето на телесната тежина, покрај гардеробата треба да ги сменат и градниците. Со варирањето на килограмите, варира и големината на градите. Нормално дека две до три килограми не прават разлика, но не и од далеку забележителните промени.

Поголемиот број жени ја носат онаа големина на градникот од времето на првиот градник. Нивните мајки или вработените во продавницата за долна облека, погрешно ги советувале и ги хендикепирале за целиот живот. Последни во категоријата од 80 %, влегуваат жените што се свесни за својата големина на градите, но поради малиот избор на градници се осудени да купуваат помали или поголеми.

Не треба некој да ви каже дали носите соодветен градник. Прашајте се дали ве стега или можеби ви паѓа градникот, не се чувствувате удобно во него, градите секогаш ви се изместуваат и ви излегуваат надвор, не ви се допаѓа како ви стои... доволно наведовме за да можете сами да утврдите.

Најпаметно во ваков случај е преку понудените чекори сами да ја утврдите величината, а за дополнителна сигурност консултирајте се со професионалните продавачки. Најдобро е мерењето да го направите носејќи го најудобниот градник.

Чекор бр. 1 Одредете ја големината на градникот.

Со метро измерете се под и над градите. Ако добиената вредност е парен број, тогаш тоа е точната величина. Ако не е, за да ја добиете вистинската вредност, додадете еден инч. На пример, ако испадне 33, точната величина е 34.

Чекор бр. 2 Одредете ја големината на корпите.

Поставете го метрото врз најистакнатиот дел од градите. Разликата помеѓу вредностите од големината на градникот и градите, ви одредува колкава треба да биде величината на корпите. На пример, ако големината на градникот е 34, а на градите е 36, значи разликата е 2. Што значи вам ви е потребен градник Б.

Чекор бр. 3 Пред да го купите ...

Пробајте го градникот со новите димензии. Со рацете убаво фатете ги градите и сместете ги во корпите. Видете дали убаво ќе легнат и ќе се сместат.

Ако сте ја погодиле величината, треба да се чувствувате удобно во него во каква било положба. Не смее да ви излегуваат градите ако кренете раце и слично. Пробајте еден број поголем и помал за да почувствувате разлика.

Треба да ви се допаѓа како ви стои и како изгледате во него. Кога ќе го пробате, облечете ја блузата, така ќе видите дали убаво ви прилега.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium