Дерматолозите во соработка со нутриционистите  откриваат неколку природни фактори за добивање блескава кожа. Доколку сакате на природен начин да го подобрите изгледот на вашата кожа, прочитајте ги советите во продолжение...

nezna.koza1

Што треба да јадете? Компири, домати, дињи.

Кои се нивните ефекти? Тие ја подобруваат одбранбената состојба на кожата да се избори со слободните радикали. Ѝ даваат доволно голем извор на антиоксиданси, за самата кожа да може да излезе на крај со сувоста и брчките.

За свежа кожа. За да не изгледате уморно, туку кожата секогаш да го има оној природен сјај и свежина, потребни се големи дози витамин Ц.

Што треба да јадете? Портокали, лимон, цитрони, пиперки. Секако е дозволено да пиете и цеден сок од овие овошја или да ги користите како додаток во десерт.

Кои се нивните ефекти? Го одржуваат нивото на витамин Ц кој е неопходен за кожата. Зошто витаминот Ц е толку значаен? Кожата содржи колаген, супстанција што ја прави затегната и отпорна на надворешни влијанија. Витаминот Ц го помага одржувањето на колагенот, кој со влегувањето во 30-тите почнува да се намалува. Затоа јадете лимон на време!

За мазна и нежна кожа. Постои конкретен протеин и антиоксиданс кој прави чуда за кожата. Единственото место каде што може да се најде е чајот. Секое утро сварете чај во чајникот и пијте го во текот на денот. 4 до 6 шолји во текот на денот се доволни.

Што треба да јадете? Во овој случај ќе речеме што треба да пиете? А тоа е зелен, црн или бел чај.

Кои се ефектите? Чаевите содржат протеини што освен што ја прават кожата мазна, ја штитат од сонцето, а најмногу од несаканите акни. Зборувавме за антиканцерогеното дејство на зелениот чај, затоа одличен е за уништување на канцерогените клетки кои евентуално може да се појават на кожата.

За обновување на кожата. Некои темни листови без разлика дали се печени, варени, пржени, изобилуваат со витамин А, уште еден од групата витамини круцијални за кожата.

Што треба да јадете? Спанаќ, брокула, репка.

Кои се ефектите? Без витамин А кожата станува сува и стара. Витаминот А ги обновува клетките на кожата и ги храни.

За вечно млада кожа. Протеините и омега 3 масната киселина се одговорни за тоа колку кожата ќе биде затегната без брчки.

Што треба да јадете? Секаков вид риба и морски плодови. Жените задолжително еднаш неделно треба да јадат риба.

Кои се ефектите? Протеините од рибата се одговорни за ензимите и хормоните што ја прават кожата блескава. Додека омега 3 масната киселина освен што ја одржува кожата млада и еластична, ја штити од штетните сончеви зраци.

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа