Топлите летни вечери се идеални за долги прошетки во паркот, а за облека не треба многу да размислувате што ќе облечете. 

Кусите шорцеви се идеален избор за да се спасите од топлото време, и наедно да останете модерни, бидејќи сепак не знаете кога ќе налетате на некој згоден тип. Ќе мора да се согласите дека долгите и голи женски нозе истакнати со куси шорцеви изгледаат исто толку заводнички за мажите како и деколтето.

Изберете едноставен крој, лесен материјал и впечатлив детаљ и само напред кон истакнувањето на убавината на вашите нозе. Еве ги нашите предлози:

Џинс шорцеви

Џинсот е материјал кој најлесно се комбинира со најразлични модели и бои на маички и кошули. Можете да изберете најразлични нијанси на џинс, од најсветол кој најмногу одговара за летниот период, до темен кој соодветно се вклопува со горен дел во јаки бои и ексцентрични дезени.

Ленени шорцеви

Пријатноста на ленениот материјал е пресудна за летните горештини, а вие сигурно посакувате да уживате во материјал кој не го чувствувате на кожата.

Ленот освен што е пријатен е и оригинален за вашиот летен аутфит.

Шорцеви со висок струк

Овој модел повторно се враќа во мода. Идеални се за постигнување на елегантен и истовремено урбан стил.

Бела боја во различни должини

Кусите пантолончиња во бела боја  се вистинска летна опција. Белата боја одлично се вклопува во морнарскиот стил кој е особено актуелен оваа сезона или едноставно комбинирајте ги со класична маица или кошула.

Во јаки бои и дезени

Шорцевите можат да бидат ваш заштитен знак летово. Нека ве препознаваат по боите на летото, или мотивите кои будат свежи чувства. Не плашете се да облечете впечатливи шорцеви, но притоа внимавајте другите детали од гардеробата да бидат едноставни, за да не го добиете ефектот на пренатрупаност. Ваквиот минималистички изглед ќе биде магнет за многу погледи од страна.

Не заборавајте, смелиот изглед е само за смели девојки!

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа