Дебелите џемпери и  блузи се маската која секоја сезона ве навлекува да се опуштите и да заборавите на броењето на калориите. Резултат на овој зимски комфорт е накачениот број на килограми.

Еве како тоа да не ви се случи тоа и оваа година:

 Бидете зафатени!

Бидете зафатени во, но и надвор од кујната. Практикувајте семејни активности кои ќе ви го намалат стресот, но и одвлечат вниманието од храната.

Исто така јадете три балансирани оброка на ден, кои ќе ги направите што поздрави. Прескокнувањето оброци нема да ви биде од полза, ниту пак прејадувањето.

Неделен здрав оброк

Не е се во избегнувањето на одредени видови храна, туку во вклучувањето на најздравите продукти кои можете. Направете здрав оброк во текот на викендот кој може да се консумира и сервира во текот на неделата.

Кога ќе дојдете дома после долгиот ден на работа и надвор е веќе мрак сигурно немате огромна мотивација да започнете со готвење. Наместо вртење телефон за нарачка, потпрете се на работата која ја завршивте викендот. Супите и тестенините може да бидат дел од менито.

Конзумирајте салати!

Пробајте да јадете салата за вечера еднаш или два пати неделно. Салатата или кој било зеленчук, не се наоѓаат често на зимското мени, па ноќта кога ќе бидете дома намалете на калории со зголемено консумирање на зеленчук.

За време на викендот обезбедете се со моркови, кромид, пиперки, краставици и зелена салата, за во текот на неделата само да си сервирате. Комбинирајте ги и уживајте!

Убав декор!

Декорирајте ја трпезата со миризливи свежи, интересни вазни и суви цвеќиња. Глетката и мирисот веднаш ќе ви го подобрат расположението и нема да ви бидат потребни грицки за да се развеселите.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium