За само три месеци оваа девојка успеала да достигне тежина од 140 килограми, а загрижените пријатели тогаш решиле да се вмешаат и да ја натераат да почне да вежба или да се стави на диета.

Џастин Мекејб утеха барала во брзата храна после смртта на нејзиниот сопруг, но после мал трик од пријателите и семејството успеала да ослабе и да ја доведе својата линија до совршенство.

Редовните посети во теретана се покажале како вистински потег и оваа мајка на две деца за 12 месеци изгубила речиси 60 килограми.

Џастин губела по неверојатни шест килограми секој месец благодарение на тоа што грицките, слатките и брзата храна ги заменила со здрави намирници, а своите огромни порции со теретана.

Меѓутоа, најголемото влијание на оваа неверојатна промена ја имал предизвикот кој си го поставила самата на себе. Таа цела година се фотографирала секој ден.

- Почнав да ја добивам енергијата која ми беше потребна за да продолжам понатаму. Секојдневните селфија ми беа најголема помош. Секој пат кога не ми се одеше во теретана само ги погледнував фотографиите и веднаш знаев зошто го правам тоа - раскажува таа.

Џастин денес е тешка 84 килограми и планира да продолжи да тренира и да пронаоѓа нови предизвици кои ќе ја направат уште посреќна.

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа