Секоја од вас во плакарите држиме барем по неколку маици кои ни се омилени. Станува збор за оние маици кои ги најчесто носитее кога одете на кафе или на попладневна прошетка со пријателките низ центарот на градот.

Но со мала креативност овие маици може да ги искористите во шик комбинации. Не ни верувате? Па погледнете ги овие супер аутфити кои ги доловивме од Инстаграм и кои ќе ни послужат да ви демонстрираме дека и обичните маици можат да бидат клучни во вашите модни комбинации.

Можете да ги носите со здолниште на преклоп или пак со панталони со интересен дезен кои најдобро одат со обична бела маица.

Доколку пак се одлучите за кратко здолниште, тогаш облечете ги и вашите омилени високи потпетици, а во комбинација со тесни фармерки или симпатични кратки здолништа со карнери можете да ги носите и со старки.

zj 300x250-min

mileniumbanner21