Станува збор за едноставно модно правило кое се состои од шест нивоа, а секоја жена со стил знае дека во тие комбинации се крие формулата за совршен изглед.

Правилото на пирамида го следат сите модерни жени бидејќи на тој начин тие ги пронаоѓаат вистинските парчиња облека за секој дел од денот. Во продолжение, погледнете од што сè треба да се состои вашиот ормар.

ormarpiramida-1499861208

1. Основни парчиња облека

Под основни парчиња спаѓа онаа облека која одговара со поголемиот дел од гардеробата. Тоа се на пример класичните блузи, црните панталони, белата кошула, обичните памучни маици, фармерки итн. Ваквиот тип на облека треба да опфаќа 35% од Вашиот ормар.

2. Кежуал облека

Облеката како што се кежуал маичките и патиките треба да сочинува 20 проценти од вашиот ормар. Тоа се облека и обувки кои ги користиме доста често.

3. Деловен изглед

Класичниот фустан на преклоп или сакото се одличен избор со кој можете да го потполните својот гардеробер. Овој вид на облека кој можете да го користите за деловни прилики треба да опфаќа 20% од Вашиот ормар.

4. Сезонски работи

Четвртото ниво на пирамидата ги опфаќа сезонските работи како што се костимите за капење, зимските капути, сандалите кои треба да опфаќаат 10% од вашата гардероба.

5. Вечерно излегување

Облеката за вечерно излегување како што се коктел фустаните или чевлите на високи потпетици би требало да сочинуваат 10% од гардероберот.

6. Модни додатоци и накит

Модните додатоци и накитот, како што се обетките и ремените се наоѓаат на врвот од пирамидата, а истите би требало да опфаќаат 5% од облеката.

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа