Фотографиите кои ги гледаме од плажите обично ги претставуваат како идеални оази за уживањe, со светол сјаен песок, проѕирна вода... но вистинската "нефотошопирана“ слика понекогаш е многу поразлична.

Еве каква е разликата помеѓу неколку познати плажи низ светот, како тие изгледаат на сајтовите и магазините, а како во живо.

Ел Нидо, Филипини

Ел Нидо заливот е претежно прикажан во блескави бои со чиста и скоро проѕирна вода, што во споредба со пореалната фотографија е далеку од вистината

Ваикики, Хаваи

Плажата изгледа неодоливо сликана навечер додека е празна, но преку ден е тешко воопшто да се најде слободно место

Бонди, Австралија

На професионалните фотографии тревата околу плажата е зелена и бујна, но впечатокот кој го оставаат „нефотошопираните“ фотографии е сосема спротивен.

Хантингтон, Калифорнија, САД

Ова е една од најпознатите и најфотографирани плажи во Калифорнија, која пак не изгледа воопшто толку импресивно сликана од некој со секојдневен агол и со непрофесионална опрема.

Clearwater, Флорида, САД

Скоро белиот беспрекорно одржан песок на оваа плажа е прикажан на сите професионални фотографии, но во живо песокот и не е толку бел, а плажата постојано е пренатрупана со луѓе.

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа