Не постои жена која не слушнала за убавината на кралицата на Франција, Марија Антоанета. Сепак постојат неколку вековни тајни кои таа ги применувала со цел да го одржува својот блескав тен, нежна кожа и да ги прикрие своите недостатоци.

За убавината на нејзиното лице Марија го користела изметот од гулаб, бидејќи и ја омекнувал кожата. Интересно е што кралицата своите маски за негување на кожата ги правела сосема сама.

Маската која ја користела за свеж и блескав тен, а и ден денес е позната во Франција, ја подготвувала со две лажички коњак, кој ја подобрувал циркулацијата, 1/3 чаша млеко во прав кое помагало за обновување на клетките и една белка од јајце помешана со сок од лимон, која помага за осветлување на кожата.

На сите им е позната сцената од филмот на Софија Копола каде Кирстен Данст во улога на Марија Антоанета често знае да се капе, па дури и во несоодветно време.

Всушност се смета дека и во реалниот живот Мадам Антоан често знаела да се опушти преку капење во бања чија вода содржела кикирики, слатки бадеми и ореви кои имале за цел да направат ексфолиација на нејзината кожа.

Најдоброто оружје на една жена е нејзиниот мирис. Марија Антоанета била толку опседната со нејзиниот мирис што побарала од нејзиниот француски парфимер Жан-Луј Фаржеон да создаде уникатни мириси од ружа, јасмин и мешавина од бергамот кои ги чувала само за себе.

Освен тоа таа сметала дека мирисите на тубероза, свежо цвеќе и цветот на портокал имаат уникатна мирисна нота.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа