Не е чудно што познатите актерки се повеќе црпат трикови за убавина од Азијатките и нивните бјути рутини. Бидејќи ако погледнеме која било Корејка, Јапонка или Кинескиња, нивната кожа и коса се толку здрави, блескави, густи што посакуваме малку од нивните гени.

Најновиот бјути тренд доаѓа од Кореја, а го промовираат основачите на веб-сајтот „Glow Recipe“, Сара Ли и Кристина Чанг, кој се нарекува „стаклена кожа“.

Според нивните зборови тоа значи чиста кожа без видливи пори која е блескава и прозрачна исто како парче стакло.

Како да ја постигнете?

Бјути блогерката и шминкерка, Ели Чои, е една од главните промотори на овој тренд на социјалните мрежи. Корејскиот начин со кој се постигнува стаклена кожа вклучува одење во кревет со совршено чиста и нахранета кожа и нанесување маска два пати неделно.

Вечерната рутина започнува со отстранување на шминката. Потоа, кожата ја чисти со гел за миење на лицето, а за сите останати нечистотии користи тоник. Последниот чекор вклучува обилно нанесување на крема за лице.

За кожата да биде блескава, пилингот е задолжителен, а Ели го нанесува на кожата секој втор ден.

Кога станува збор за маската за лице, задолжително користи таканаречена памучни марамчиња со отвори за очите кои се натопени со активни состојки и постојано нагласува колку е важна исхраната и пиењето доволна количина вода за убава кожа.

Доколку сакате да експериментирате со шминката, а моментално немате никаква идеја за нов мејкап, тогаш овие корејски бјути трендови морате задолжително да ги испробате.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа