Французинките се едни од најубавите жени во светот познати по својот шарм, елеганција, акцент како и стил поради кои сите им се воодушевуваме.

Доколку сакате да се облекувате шик и заводливо, еве што ве советуваат Французинките:

Смокингот е секогаш во мода

Веројатно ќе се согласите дека нема ништо посекси од девојка која носи сако. Женскиот смокинг во модната индустрија прв го вовел модниот креатор Ив Сен Лоран уште во 60-тите години и според Французинките ова парче облека е секогаш на врвот на модната сцена.

delovna zena

Помалку значи повеќе

Речиси секогаш најголем впечаток оставаат малите парчиња облека. Па, не морате многу да комплицирате при изборот, кусо здолниште секогаш може да заврши одлична работа кога е во прашање првиот впечаток.

Сепак Французинките советуваат кусото здолниште да оди во комбинација со ролка, затоа што „помалку“ не значи и „ништо“.

rolka27

Рамните чевли се вашиот најдобар пријател

 Рамните чевли се првиот избор на Французинките, не само заради својот конвенционален практичен изглед, туку и поради удобноста. Секоја жена која што се чувствува удобно во она што го носи на себе зрачи со сексапил и самодоверба.

Додадете примамлив детаљ

И најобичната ролка може да изгледа супер во комбинација со креативно изработено ланче или чанта со метално ремче преку вашето рамо.

Одберете детаљ кој ќе ви помогне да го истакнете својот стил на еден сосема поинаков начин.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium