Познат холивудски дерматолог кој се грижи за кожата на многу познати личности меѓу кои и Викторија Бекам, Ким Кардашијан и Бијонсе ја открива тајната за сјајот и убавината на нивната кожа.

Имено Доктор Харолд Лансер откри 10 златни правила преку чие следење кожата изгледа здраво и блескаво.

1. Блескавата кожа бара доволно сон. Во текот на спиење се зголемува производството на колаген кој влијае врз изгледот на телото.

2. Под правило број два советува да се избегнува туширање со врела вода бидејќи топлината значително допринесува за сушење на кожата.

3. Правило број три е дека треба често да се нанесува крем со заштитен фактор. Кремот не треба да се нанесува само наутро со надеж дека ќе ве штити целиот ден.

4. Секогаш треба да ја перете вашата перница еднаш неделно. На перницата се таложат голем број на бактерии кои доколку се прилепат на кожата создаваат црвенила и инфекции.

5. Правило број пет е дека шминката треба да биде отстранета макар и да бидете доста уморни од напорниот ден. Редовно правете пилинзи за да ја исчистите кожата од надворешните влијанија.

6. Под правило број шест спаѓа јадењето на свежа и здрава храна. Храната има влијание врз организмот, а вишокот на шеќери и штетни материи создаваат воспаленија кои се одразуваат на надворешниот изглед на телото.

7. Правило број седум е дека лицето не треба да се допира, а доколку го направите тоа веднаш избришете го местото на кое што сте се допреле.

8. Правило број осум ја претставува грижата за вашиот мобилен телефон како уред кој најчесто го користите. Редовно чистете го со медицински алкохол како би спречиле пренесување на бактерии од него на вашето лице.

9. Правило број девет е внесот на вода во организмот. Количеството на вода е потребно за да може кожата да се хидрира и да остане еластична.

10. И како последно правило го наведува користењето на краставици. Тие се добри за кожата бидејќи содржат вода во себе, а се неверојатни за ублажување на несаканите подоочници.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium