Доколку сте љубители на модните трендови, тогаш сигурно не ја пропуштивте вртоглавата популарност на неодоливите светкави здолништа.

Светките се популарни секоја сезона, но нивното владеење нема да престане ниту во наредните неколку месеци.

Секако, најпопуларните парчиња се светкавите фустани, но во последно време на тој трон седнаа здолништата со светки, без разлика дали станува збор за мини, миди и поретко макси модели.

Популарните Инстаграм модни дами ги комбинираат овие парчиња со едноставни маички или ролки, а посебно се популарни еднобојните маички со натпис или црните топли ролки, што е сосема логичен избор бидејќи ваквите здолништа се посебни сами по себе, па затоа модните експерти препорачуваат едноставни детали.

trendovi002

Поради фактот што станува збор за прилично впечатливо парче, многу од припадничките на понежниот пол не се осмелуваат да ја носат оваа комбинација, но сигурни сме дека фотографиите во продолжение ќе го сменат вашето мислење.

trendovi002

trendovi002

trendovi002

trendovi002

trendovi002

trendovi002

trendovi002

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium