gototop
Алпинистите мислат дека фекалиите ќе се разградат, но екологистите тврдат дека тоа е невозможно на толку ниски температури.

mount-everest-trash

Највисокиот врв на светот - Монт Еверест, чие освојување е желба на многу алпинисти е пренатрупан од човечки измет. Изметот на толку ниски температури не е разградлив и може да остане со години во истата состојба. 

Во 2008 година, во еко-акција беа отстранети 400 килограми фекалии од „Покривот на светот“. Покрај фекалии, пронајдени се и четири мртви тела и 14 тони ѓубре. 

Здружението за заштита на животната средина - „Еко Непал“ предлага поставување на мобилни-тоалети на Монт Еверест, но дискутабилна е идејата заради силниот ветер што преовладува таму горе и фактот дека тоалетите нема долго да траат.

Според правилата - планинарите би требало да носат кантички за нужда со нив како дел од задолжителната опрема според алпинистичките стандарди. 

Видеото е дел од акцијата за чистење на Монт Еверест од април 2009 година. 

E.П | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email