Хотелот Бурж Ал Араб кој се наоѓа на вештачкиот остров во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати е еден од најлуксузните и најскапите хотели на светот. 

Висок е  321 метар, со што е вториот хотел по висина во светот, зад „Роза Тауер”, кој исто така се наоѓа во Дубаи.

Сопственик на Бурж Ал Араб е хотелскиот ланец „Џумеира Груп”, во сопственост на шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактума.

Бурж Ал Араб има 28 катови со 202 соби. Најмалата соба е со површина од 169 квадратни метри, а најголемиот апартман има површина од 780 квадратни метри.

Хотелот е меѓу најскапите во светот. Цената за едно ноќевање се движат од 1.000 долари за најмалата соба, до 28.000 долари за кралскиот апартман.

Изградбата на Бурж Ал Араб започната е 1994 година, а граден е да изгледа како едро на традиционален арапски брод. Две “крила“ раширени во облик на буквата “V” кои имаат улога на јарбол, додека просторот меѓу нив служи како голем атријум.

- Клиентот сакаше градба која ќе стане икона или симбол на градот Дубаи, нешто како Оперската куќа во Сиднеј или Ајфеловата кула во Париз. Требаше да се изгради нешто што ќе стане синоним за целата држава - вели архитектот Том Рајт.

Но и покрај извонредната структура, врвната услуга е тоа што го прави Бурж Ал Араб да биде величенствен.

Многупати е прогласуван за најлуксузниот хотел на светот, а нуди дискретност, приватна рецепција на секој кат, хелипад, лични батлери и неповторлива љубезност.

Иако има пет ѕвезди, за него обично се говори дека нуди услуги во рангот на седум ѕвезди.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium