Покрај водите на Јадранското и Јонското Море, се кријат најубавите плажи на брегот кој и припаѓа на Албанија.

1. Ksamil и околните островчиња

Песочните плажи и бистрата сина вода се заштитен знак на ова место. Секое патување до околните острови е шанса да откриете некоја дива плажа.

2. Himara

Оваа плажа потсетува на плажите во Грција а ќе се воодушевите од кристално чистата вода.

3. Dhërmi

Најпопуларната плажа на која ќе најдете мешавина од ситен песок, до крупни карпи е Dhërmi. Водата е чиста, со прекрасна сина боја, а веднаш покрај плажите има голем број ресторани и места за ручек и релаксација.

4. Jalë

Уште една плажа која во сезоната е туристичка атракција заради забавата која се нуди тука.

5. Borsh

Оваа плажа е спротивна на претходната. Место кое треба да го посетите ако сакате да уживате во природата и во релаксирачките звуци на морето, без гужва и галама.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа