Летниот одмор е време во кое сакате сосема да се релаксирате и да се чувствувате безгрижно. Токму затоа, потребна ви е подготовка пред да тргнете на пат. Кога се подготвување за заминување на одмор настојувате да понесете што е можно помалку работи со вас. Но, сепак постојат нешта без кои е незамисливо да заминете на некоја летна дестинација.

ОВЕН

Мора секогаш да биде во движење, па без удобна облека, патики за шетање и чевли за планинарење, не би требало да тргне на патување.

БИК

Се што ви треба се удобни чевли и кредитна картичка, бидејќи на одмор најмногу ќе шетате и купувате.

БЛИЗНАЦИ

Дури и на одмор морате да бидете во контакт со пријателите, затоа без мобилен и без лаптоп не излегувајте од дома. Секако не ја забправајте и интернет претплатата.

РАК

Каде и да се наоѓате, за добро расположение неопходен ви е квалитетен сон, па без омилената перница немојте да ги пакувате куферите. Исто така, Раковите имаат чувствителен стомак, па би било добро од дома да си понесете храна.

ЛАВ

Вие сакате да ги овечковечите моментите. Затоа понесете си фотоапарат.

ДЕВИЦА

Не се чувствувате пријатно ако на патувањето немате можност адекватно да се грижите за личната хигиена. Затоа во вашиот куфер треба да има многу козметички производи.

ТЕРЕЗИЈА

Сакате да бидете во тренд?  За да ја одржите својата репутација понесете што повеќе облека и аксесоари.

СКОРПИЈА

Сакате да патувате инкогнито? Списание, шешир и големи очила за сонце ќе ви помогнат да се сокриете од љубопитните погледи на околината.

СТРЕЛЕЦ

Сакате да научите што повеќе за местото кое го посетувате, па водичи и мапи би требало да бидат основните реквизити на вашите патувања.

ЈАРЕЦ
Вие работите и за време на одморот. Ако не го понесете проектот кој не сте стасале да го завршите на работа, нема да можете да се опуштите на летувањето.

ВОДОЛИЈА

Ќе ви биде тешко да се одвоите од вашите гаџети и да ги оставите дома, затоа понесете некој од нив кој ќе ви биде од корист.

РИБИ

Без омилената музика не можете да се опуштите, ниту да уживате. Симнете плеј листа на песни специјално за одмор и задолжително уживајте во нив.

banner-zdravoMladi

piratiteOdKaribiteMilenium