rally-mongolija-01Срѓан од Белград и Срѓан од Загреб организираат рели до Монголија. Но, ова не е стандардно рели, условите се малку поинакви.

Најпрвин е навистина прекрасно што двајца „Срѓановци“ од овие две земји заеднички го организираат овој потфат, инаку планиран како хуманитарен гест, којшто ќе и помогне на Монголија. Планот е некои од учесниците своите возила да ги подарат во Монголија и да се вратат без нив, а потоа Срѓан (помонжено со два) се сети да обезбедат и амбулантско возило кое ќе го однесат исто така како подарок.

Релито е планирано да тргне на 23 јули од Лондон, а ќе помине низ Балканот, преку Турција па на исток.

srdjanx2Единствено, организаторот бара учесниците да не се појават во една удобна Лада Нива и да го поминат патот како од шега. Пожелни се автомобили со коишто „баба ви оди во црква“, како што тие милуваат да кажат. Сепак, заради законите во Монголија, возилото не смее да биде постаро од десет години, па новите југовци од 2002 година па наваму, се совршени за оваа пригода.

Повеќе и подетално околу условите и контактот можете да пронајдете на официјалната страница на Team Rockrs, то ест, организаторот на релито. Би биле горди кога македонски тим би се пријавил и секако би го докуменирал сето тоа за да биде објавено на македонски и македонската публика.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium