Иако полуостровот Касандра на Халкидики е убедливо најпосетено катче на Грчкото приморје кога се работи за туристите од Македонија, многумина со сигурност се' уште не знаат дека токму таму се наоѓа и една сосема невообичаена плажа којашто никогаш не изгледа потполно исто.

Станува збор за ‘ртот Посиди, којшто се наоѓа покрај истоименото место Посиди на полуостровот Касандра, на некои 7 километри од местото Скала Фурка и на 9 километри од Мола Калива.

Оваа полудива плажа со најфин бел песок и топло море претставува навистина уникатно доживување за посетителите бидејќи поради плимата и осеката, како и песокот којшто самото море го донесува и однесува, плажата постојано го менува својот облик, но ја менува и својата големина.

Некогаш крајниот десен дел буквално потонува во морето и не се гледа, а некогаш изнурнува од морето, но секогаш во сосема поинаков облик за разлика од претходно.

Па, доколку ова лето токму “првиот прст” на Халкидики е вашата дестинација, издвојте време да ја посетите и оваа уникатна плажа.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа