Длабоко под површината на водата помеѓу Гренланд и Исланд се наоѓа најголемиот водопад на светот наречен Данскиот Проток.

Доколку го барате најголемиот водопад на светот според протокот, тогаш тоа се Инга водопадите. Ако пак мислевте на највисокиот водопад, тоа се дефинитивно Ангелските водопади. Но ако сакате да знаете кој е најголем водопад на светот, тогаш ќе мора да погледнете под океанското тло. Токму таму ќе го пронајдете подводниот водопад Дански Проток или уште наречен Гренландски Проток

Овој подводен водопад се наоѓа помеѓу Гренланд и Исланд. Подводните водопади коишто се познати уште и како каскади, настануваат кога ќе се пресретнат ладните и топли водени струења.

Молекулите од ладната вода не се движат многу, па остануваат тесно збиени и прават водата да биде погуста за разлика од топлата вода. А сето тоа предизвикува ладната вода да “паѓа” точно низ топлата вода создавајќи постојан тек.

Водата којашто доаѓа од Гренландското Море е ладна, па кога таа ќе дојде во допир со Ирмингеровото Море паѓа 3.5 километри праволиниски, со проток од 4.955 милиони литри по секунда.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа