Полскиот режисер Maciej Tomkow е автор на ова одлично тајмлепс видео од преубавиот Закинтос. Тимот на Maciej престојувал на Островот на желките повеќе од еден месец.

Заедно поминале околу 2.000 километри распоредени во 28 дена активно снимање. Целиот материјал е снимен со апарати од линија на „Canon“, и тоа: 6D, 5D Mark III, 5D mark II и 7D. За крајниот разултат биле потребни 1.220 часови ангажман.

Островот Закинтос е трет по големина од седумте најголеми Јонски Острови. Лежи во јужниот дел на Јонското Море, кое е дел од Средоземното Море. Има површина од 410 километри квадратни, а должината на крајбрежјето е околу 123 километри.

Закинтос е дом на џиновските морски желки, а во негова близина се наоѓа најдлабоката точка на Медитеранот. Навагио е најубавата и најатрактивна плажа на Островот.

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа