tasmanian-devil-taztasmanian-devil-realТасманија, за нас можеби позната по тасманскиот ѓавол во цртаните филмови на Looney Tunes, е австралиски остров и држава. Таа во светот е позната како „Природната држава“, поради недопрената природа и напорите на населението за што поприроден живот.

Статистички, Тасманија е 26 остров по големина во светот и има 68,401 километар квадратен. Главен град е Хобарт, а останати поголеми градови се Глеронхи и Клеренс. Вкупната популација на островот изнесува нешто повеќе од половина милион жители. Половина милион луѓе, коишто не се воодушевени од модерниот свет, а се и прилично невоодушевени од посетителите коишто доаѓаат да се восхитуваат на неверојатната природа на островот. Љубоморните Тасманијци, очигледно љубоморно си го чуваат својот мал рај.

Речиси 37% од целата територија се национални паркови и локалитети заштитени со закон не само од локалните власти, туку се сметаат и за светско природно наследство.
Погледнете ја оваа убавина и ќе видите зошто Тасманија е „Природна држава“ и нејзините жители немаат желба да ја делат со остатокот од светот.

tasmania-001tasmania-002tasmania-003tasmania-004tasmania-005tasmania-006tasmania-007tasmania-008tasmania-009tasmania-010tasmania-011tasmania-012tasmania-013tasmania-014tasmania-015tasmania-016

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium