gototop
Пред една недела го објавивме текстот „Скопје низ призмата на еден ’провинцијалец‘“ којшто побуди голем интерес кај нашите читатели. Еден од нив, во коментарите напиша практично цел еден сопствен текст којшто го оценивме како исклучително забавен. Затоа, го објавуваме во целост како одговор на првиот. Можеби со овој поглед на работите ќе има помалку несогласувања, ќе видиме.

-------

Здраво Михајло!

Прво дозволи ми да ти кажам, дека те разбирам потполно, за тоа колку може да биде туѓо и сиво и разочарувачко местото, далеку од својата родна грутка, за кое што си имал големи очекувања, и си градел примамливи и слатки соништа за успех, и сите од нив се основале на фактот дека ќе се остварат со самото доаѓање во тоа ново место.

1. Носталгијата ти била опасна кучка! - Уште не бев летнат со авионот од Скопје, и почна да ме стега нешто во стомакот. Уште од сега знаев дека ќе ми недостига Скопје, ќе ми недостигаат моите, другарите, местата, животот, комшиите, продавачите, пензионерите во парк, циганчињата на плоштад и се по ред... Ова чувство е многу заебано, од една страна те мачи, а од друга страна ти е убаво, колку повеќе размислуваш за тоа. Но, ако размислуваш премногу, и ако почнеш да комбинираш со пијанчење или нешто друго - “журкање за да не мислиш на тешкото“, тогаш ќе заглавиш во еден дебилен круг, и тоа може да ти попречи да се свестиш на време, и да се соочиш со “виситинските“ проблеми.

i-love-skopje-012. “Кај к*р се наоѓам?“ - Да, Скопје не е некој монстер од град, или којзнае колку далеку и непознат. Сигурно ве носеле ко мали на екскурзија. Сигурно и сами сте доаѓале, на концерти, или на натпревари, или што ти ја знам... Сигурно имаш и еден куп другари и другарки, коишто веќе пред тебе се дојдени од Битола, и ја тргаат истата мака. Ама и они и ти, колку и да сте шетале, и да сте учеле, не можете да знаете доволно добро, како дише градот. Не е тоа што не ги знаете местата, поентата е што не ви се “домашни“, не ви се “познати“. А кога некое место, не го осеќаш “како дома“, тогаш многу е тешко да го засакаш. Без разлика колку ќе се начукаш јако, или колку јака пи*ка ќе смуваш, ако не е “дома“, тогаш задоволството е кратко, и после, како да не било.

3. “Пари!“ - сакал нејќел баш е така, верувај, хехехе, како што викаше Сури на времето. Парите се секогаш проблем, и не само за тебе, туку и за Скопјани. Не е секогаш јасно, од кај да се извади 1000че за викендов, или 1000 и кусур за карта на Ван Шмајк или Ван Шмурен, кој им ги даде имињава, бик да му го акне во уста... Зборот ми беше, за Скопјаните исто е проблем, ама не е толку голем. Секогаш ќе се најде другарче, менаџерче, се знаеш со овој, или оној, ќе те протнат... Или ќе дае некој на заем, да му ебам педерот, нели...?
Ама кога треба да плаќаш и за ебаната кирија, и за ебаниот автобус, и за ебаното скапо кафе и пиво, што во Аја Лезет беше 50 ден, а тука е 150, (а во Охрид у сезона 250??) да јадам ли у 7ца на одмор, или да сварам дома макарони, да пукнам 120 за такси, или да идам пешки, и да се запотам ко вол итн, тогаш проблемот почнува ептен да те јаде... И не ти е интересно... А да не праам муабет, за ако сакаш на некоја екскурзија, или не знам, на конференција, или на некоја школа, што многу ќе ти помогне, ама надвор од факултет, и се плаќа плус....

Кога ќе ги собереш сите овие ствари заедно, внатре во себе те прават едно многу многу потиштено и измачено детенце, на кое често се му доаѓа преку к*р, и кое почнува сè да гледа со незадоволство и да хејта. И тоа е во ред, пошто стварно не знаеш кого да обвиниш за се ова... Дали Скопје, дали газдарицата, дали педериштана на врата што стојат пред Кабрио, дали градоначалникот, дали Грујо, дали владата, дали себе си...? Никој, одговорот е никој, секој си го прави тоа што му треба, тоа што мора. Едноставно глобално и без исклучок, секогаш кога правиш нешто што мора, тешко е... Треба само да се помириш со тоа, да си се преиспиташ, дали е тоа она вистинското, за кое вреди да се јадат маки, или не. Ако вреди, тогаш застани малце, погледни што имаш, и направи си стратегија. Направи си план, и сам реши си ги проблемите, со средствата што ги имаш. Ако навистина си го сакал ова, тогаш на крајот ќе успееш, и сè што си правел и што те јадело, ќе вреди. Ако не, собери храброст, и повлечи се.

Сега малце ќе те покарам, за некои работи, пошто не ми се свиѓа кога некој кокодака за мојот град, без разлика поради какви причини, а поготово не ми се свиѓа, кога тоа што го збори нема основа! Бетон, асфалт а у... Брат, јеби га, можда не е Париз, ама градски парк има, да не си го промашил? Има еден одма до стадионот, и еден плус кај трговски... Освен во Центар што е малце задушливо, по другиве маала има и тревници, i-love-skopje-02и дрвја и сенка и све... Па не заебавај, ни у Битола не цвета полјана на сред главна улица... А башка имаш Водно, Матка, Треска, Марков Манастир, ако не ти стига тоа што е у град, изволте, има и кај да се избега на момент.
А за лицата со брчки, и со материјалистички фетиш, нема да праам муабет. Премногу е смешно, господин “Со други зборови - учев многу (жими пајка), отворив бизнис, иам пари, купив јака кола, други работат за мене и општеството ми дава признание. “И уште еден момент, во Битола ли беше она “Тушла на годината“ натпреварот? Кога вашите чупиња со “ултра слаби женски газови со „екслузивната“ солунска викенд роба“ се натпреваруваат во трчање по штикли?

Контактите замираат, градот е голем.... Не ме заебавај бе дечко... Знаеш има едни телефони, без жица, можеш кај сакаш да го носиш, од кај сакаш да звониш, може да држи неколку стотици броеви, и плус пораки може да се праќаат. По скопски мобилни ги викаат, ако можеш прашај некој, ќе ти помогне да си најдеш и за тебе, и “ефтини са“ плус...Ама проблемот не е во тоа што е “градот голем“, па како во стари невремиња мора со гласници да се праќа атер, па се чека 40 дена... Проблемот е што луѓето немаат време, и немаат желба... Ти само треба да си најдеш некој што има, време, и желба, за со тебе, на кафе...

“Малото Брдо“ не е мало од што ние не сме го раснеле, и не сме му давале да јаде... Водно е мало, затоа што Господ така решил, ако имаш некоја жалба, те молам кај него обрати се... Ние ништо не можеме да направиме, освен по една лопата земја да фрли секој од својот двор, па да рипне едно 100 метра... Тоа доволно ли ќе биде? А за авантурите, хехехе, си пробал? Стварно пречат тие “идиоти со долгите“? И впрочем, има едно чувство, што го добива секој од Скопје, кога ќе застане на Видиковец, чувството е многу блиску до “крал на светот“, или нешто како чувството, што го имал Нил Армстронг, кога од месечината си го гледал родното си место и си викал “ееееј ене го Охајо“... Ако неможеш да го почувствуваш, никој не може да ти помогне, жал ми е... Можда треба да пробаш со Пелистер и Битола, ако се гледа од таму? Не знам, не сум бил, знам, штета....

Тоа е тоа, Михајло, се надевам дека малце ќе ти помогне, еден поглед одстрана, од човек кој те разбира, и кој сака и ти да се разбереш, и да го разбереш Скопје, за да не го мразиш. Собери храброст, запознај се со луѓе, биди си свој, ама биди и внимателен. Не се плаши да помагаш, и да побараш помош. Не се јади за парите, нема да ги има скоро, ќе треба да си го запотиш гзот, пошто ми изгледа дека си поштењачина, и немаш грб или врски... Најди си чупе!!! Не можам да ти потенцирам колку многу ќе ти помогне! Не хејтај! Сепак си на гости, не си дома, и не е културно. Ја во Битола не ви плукам по градот, очекувам и од тебе почит.

И на крај, кој пие чај Earl Grey со млеко, море ненормален ниеден!!!!!! :))))))))

Поздрав.

--------

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email