gototop

Научниците развиле вакцина којашто ги заштитила експерименталните глувци од смртоносниот облик на вирусот Ебола - јавува BBC.

Научниците развиле вакцина против вирусот Ебола

Еболата прв пат е откриена во 1976 година, а повеќе од 90% од луѓето заразени со овој вирус кој предизвикува хеморалгиска болест не ја преживуваат инфекцијата. Научниците велат дека ова е прва вакцина којашто подолго време може да опстане и како таква, успешно може да се складира.  Резултатите на истражувањето се објавени во списанието на американската државна академија на науките, Proceedings.

Вирусот ебола се пренесува преку телесните течности, а може да се пренесе и преку воздух. Кај заразените прво се појавува зголемена телесна температура, а потоа се чувствува мачнина и болка во мускулите. Заболените почнуваат да повраќаат, имаат внатрешни и надворешни крварења, а пред смртта почнуваат да откажуваат и органите.

Иако годишно од Ебола се заразуваат само неколку луѓе, текот на болеста е толку брз и последиците разорни што честопати постои страв дека овој вирус би можел да биде искористен во терористички напад.

Сите претходни вакцини се базирале на внесување на неизменет, но ослабнат вирус во организмот, но долготрајното складирање на вакцината го оштетува вирусот, што пак ја уништува делотворноста на вакцината.

Новата вакцина содржи синтетички вирусен протеин којшто е способен да го препознае вирусот Ебола и е многу постабилен при складирање. Оваа вакцина штити 80% од експерименталните глувчиња коишто биле заразени со смртоносен вид на вирусот, а следниот чекор во развојот на истата е тестирањето на вакцината на вид на Ебола којшто е сличен со оној од којшто заболуваат луѓето.

И.К | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email