
По внимателно мерење како метаболизмот забавува кога слабееме, тие објавија дека очекувањата на луѓето кои држат диета се многу високи.
Досегашната официјална препорака дека кратењето на 500 калории дневно ќе резултира со скоро половина килограм помалку на крајот од неделата не е точна. Оваа препорака претпоставува дека губењето на тежината е постојано и рамномерно и не го зема предвид фактот дека метаболизмот значително забавува кога луѓето слабеат, што пак го прави намалувањето на килограмите уште потешко.
Ова значи дека е двапати потешко да се намалат килограмите. Стариот систем вели дека намалувањето на 100 калории дневно на крајот на годината ќе резултира со 5 килограми помалку. Со новите сознанија оваа бројка се сведува на само 2,5 килограми.
„Наместо да очекуваат премногу, оние кои се на диета треба да бидат трпеливи. Кога слабеете не треба да очекувате деа ќе ослабнете повеќе од 2 килограми неделно. Тоа е навистина одлично. Слабеењето е маратон, а не спринт“ - вели Бојд Свинбурн, експерт за слабеење од универзитетот Дикин во Мелбурн.
Но не се разочарувајте. Има и доби вести. Истите научници создале онлајн калкулатор кој им овозможува на сите што планираат да ослабнат да ги прилагодат своите очекувања на реалноста и да добијат пореална слика за она што треба да го очекуваат од диетата. Калкулаторот се вика Body Weight Simulator и можете да го пронајдете на интернет страницата http://bwsimulator.niddk.nih.gov/. Тој ќе пресмета колку помалку треба човек да јаде или пак колку повеќе треба да вежба за да ја исполни својата цел.
И.К | бркај работа
