limonada10

Лимонадата е природен напиток, со кој слободно можете да се налевате...

1. Го подобрува имунолошкиот систем - Поради богатството на лимонот со витамин Ц, кој е одличен во борбата со настинките. Содржи и калиум, кој ги стимулира мозокот и нервите и го контролира крвниот притисок.

2. Ја балансира pH вредноста - За да ја намалите киселоста во телото, пијте лимонада. Иако лимонот содржи лимонска киселина не створа киселост во телото.

3. Помага при слабеење - Лимонот е богат со пектински влакна, кои го намалуваат
чувството на глад.

4. Подобра дигестија - Сокот од лимон помага при исфрлање на отпадните материи, со тоа што го стимулира црниот дроб да лачи киселини потребни за варење.

5. Одличен диуретик - Лимонот го забрзува исфрлањето на урина и со тоа го чисти организмот од токсини. Уринарниот тракт е поздрав доколку редовно и брзо се прочистува.

6. Ја чисти кожата - Витаминот Ц од лимонот ги намалува порите и несовршеностите на кожата. Вода со лимон ги чисти токсините од крвта што влијае на тоа и кожата да ви е здрава.

7. Го освежува здивот, ублажува забоболка и воспаленија на непца - Меѓутоа, внимавајте! Лимонската киселина ја нагризува забната глеѓ.

8.Намалува респираторни проблеми - Топлата вода со лимон ќе ги запре кашлицата и ќе ви го олесни дишењето, особено кај луѓето со астма и алергија.

9. Придонесува кон здрава психа - Витаминот Ц е една од компонентите која исчезнува во телото кога сте под стрес.

10. Наместо кафе - Иако нема кофеин, претставува одлична замена на утринското кафе.

ја сакам Македонија: тука
навивам за мојата репрезентација: тука

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium