Vip

10sov-telo

Овој пат се работи за диета која нема да ве ограничува според тоа што смеете а што не смеете да внесувате во вашата исхрана, туку тоа - кога и како да се храните во текот на денот.

Оваа диета се темели на фактот дека полесно ќе ги изгубите вишок килограмите доколку внесувате храна почесто, секако во помали количини, и налага храната да се консумира на секои три часа во текот на денот.

Диетата има три основни правила:

- Наутро мора да појадувате најдоцна еден час откако ќе станете од спиење.

- По првиот оброк јадете на секои три часа.

- Последниот оброк во текот на денот треба да биде три часа пред да одите на спиење.

Од намирници се препорачува многу овошје, вегетаријанска храна, со умерено внесување на јаглехидрати. Додека сте на оваа диета треба да пиете по 8 чаши вода на ден, со тоа што на секое испиено кафе треба да испиете плус 2 чаши вода. Брзата храна и алкохолот се забранети строго во оваа диета.

Диетата трае 28 дена, а би требало да губите по 1 килограм неделно, што е процес кој можеби нема да го приметувате на себе во првите неколку недели. Секако, ова е повеќе начин на исхрана, која може да се користи и понатаму, ако сакате уште да ослабнете.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila