zdravi

Иако температурите стануваат сè повисоки, и летото за некои веќе е започнато, сепак не е доцна за последната шанса за да имате совршен стомак за ова лето. Едноставно, треба да следити неколку совети.

Вежбање

Не може никако да ги отстраните масните наслаги на вашиот стомак без да се испотите убаво со вежбање. Исхраната е важна, но вежбањето е уште поважно. Не збориме за вежби како стомачните, бидејќи тие се за дефинирање на мускулите на тој дел од телото. Мислиме на кардио вежби, трчање, брзо одење, аеробик и други вежби кои ги топат мастите од телото. Не може да го ослабнете вашиот стомак без да ги стопите и другите делови од телото. За почетниците - започнете со брзо одење, кое потоа со тек на времето ќе го претворите во трчање. Или пак едноставно, вежбајте дома кардио вежби, кои ги има во изобилие на интернет.

Зелен чај

Ова е веќе општо познато. Зелениот чај е еден од главните актери при секое топење на мастите. Тој го забрзува метаболизмот и согорува калории, при што се топи целулитот. Всушност, нема чај кој би бил штетен за организмот.

Исхрана

Житариците се многу важен дел од исхраната, ако сакате да стопите масти на стомакот. Покрај хранливите материи, житариците од цело зрно се одлични бидејки имаат растителни влакна кои му помагаат на метаболизмот и на дигестивниот систем, но и ги намалуваат масните наслаги.

Пробиотички јогурт

Јогуртот ја има моќта да ги топи вашите масни наслаги, но може да предизвика подуеност која визуелно го зголемува стомакот. Тука на помош ви доаѓа пробиотичкиот јогурт, кој поттикнува побрза работа на цревата и овозможува полесно варење на храната.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа