Дневната кратка дремка може „да спаси животи“, бидејќи благодарејќи нему кај луѓето се намалува ризикот од срцев удар, велат истражувачите од грчката клиника „Asklepieion Voula“.

Според доктор Манолис Калистратос, кој раководел со истражувањето, високиот крвен притисок во помал степен ги оштетува крвните садови и срцето на оние кои сакаат да подремат во попладневните часови.

Грчките научници испитувале околу 400 жени и мажи чија просечна возраст била 61 година, кои страдале од висок крвен притисок. Утврдиле дека кај оние кои одделуваат извесно време да одремат преку денот, притисокот   им се намалилподоцна за околу пет проценти.

Тоа е доволно за да има значително влијание врз бројот на срцевите удари, сметаат научниците. Другите показатели, особено за пулсот, кај дневните спијачи биле подобри отколку кај оние коишто претпочитаат целиот ден да останат на нозе. Кај оние чијашто дневна дремка траела подолго време, на пример по повеќе од еден час дневно, резултатите биле најоптимални.

Калистратос дневната дремка ја нарекува „навика од минатото“, којашто, според неговото мислење, траба да се интегриран во современиот начин на живеење.

- Дневната дремка стана привилегија за елитата поради работната култура, што подразбира нормиран графикон на дневни активности и интензивна работа секојдневно - вели докторот.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium