Покрај пушењето „тивок убиец“ е и физиќката неактивност. Имено, недостатокот на физичката активност се искачи на четвртото место на листата со глобални предизвикувачи на смрт.

Дури и малку вежбање преку денот многу добро ќе делува на здравјето, па дури и да не симнете некој килограм. Резултатите од истражувањето на Универзитетот Кембриџ покажаа дека со брзо одење 25 минути дневно можеме да добиеме дополнителни три до седум години живот.

Тимот цели 12 години анализирал 300 илјади европејци по што било откриено дека секојдневното брзо одење ја намалува годишната смртност кај луѓето со нормална тежина за една четвртина.

20. минутното одење е еднакво на минималната количина вежбање која што ја препорачува Светската здравствена организација која тврди дека возрасните треба барем 150 минути дневно да практикуваат лесно вежбање како одење или возење на велосипед или 75 минути вежбајќи со посилно темпо - трчање или пливање додека пак адолесцентите треба да вежбаат барем еден час дневно.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium