Пливањето како и останатите физички активности добро е за нашето здравје. Додека пливате не постои опасност од притисок во долниот дел на телото односно пливањето не представува никаква опасност по нашиот генитален дел.

Тоа значи дека со пливањето го штитиме и овој дел од нашето тело од стрес и напор. Интернационалната фондација за артритис посебно препорачува пливање како и други водни активности токму поради оваа причина.

Здравје на срцето

Преку пливањето се зајакнува срцето. Доаѓа до подобро пумпање крв и подобра циркулација во целото тело. Исто така, пливањето влијае и врз намалувањето на крвниот притисок.

Правилно дишење

Со често пливање се зголемува капацитетот на белите дробови, а на тој начин и кислородот подобро навлегува во нашето тело. Кога пливате и дишете правилно, нема воопшто да се почувствувате уморни.

Добро е за бремените жени

Стручњаците препорачуваат различни вежби за бремените жени со цел да се почувствуваат подобро и полесно да поминат при пораѓање. Пливањето можеби е и најдобриот избор на вежби, бидејќи не се прави притисок врз телото, а истовремено и доаѓа до подобар проток во крвта во матката.

Ја зајакнува издржливоста

Кога ќе почнете да пливате ќе се чувствувате уморно и изнемоштено. Сепак, треба да помине некое време за телото да се навикне на тренингот и на пливањето, но подоцна воопшто нема да се чувствувате уморни.

Го намалува ризикот од болести

Како што го намалува ризикот од срцеви заболувања, така и едно истражување покажало дека го намалува и ризикот од дијабетес. Секоја физичка вежба придонесува до подобра состојба на телото, а со тоа и намалување на ризикот од многу болести.

Губење на килограми

Ако пливате на море или на базен, а истовремено и вежбате, верувајте дека за брзо време ќе ги намалите масните наслаги. Истражувањата покажуваат дека за еден час пливање топите 600кгр. Имајте на ум дека при промена на техниката на пливање го обликувате и телото, бидејќи на тој начин ја масирате и кожата и мускулите.

Опуштање

Со пливањето го намалувате и нивото на стрес и нервозата која ја чувствувате при извршување на секојдневни обврски.

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа