Јадењето две јајца за појадок може да биде најлесниот и најефикасниот начин да се намали телесната тежина.

Студија објавена од библиотеката на американските здравствени институти покажува дека на овој начин, човек може да ослабнее за 65 проценти повеќе во осум недели, отколку методот во кој само ја ограничува својата исхрана.

Анкетираните волонтери биле поделени во четири групи, од кои две ја следеле диетата. Едните јаделе две јајца (340 калории), а другите јаделе переци со иста енергетска вредност.

Само осум недели подоцна, групата која јаде јајца имала 61 отсто поголемо намалување на индексот на телесна маса.

Бидејќи со намалување на внесот на храна често се случува да недостасуваат витамини, минерали, протеини и масти, еве зашто јајце диетата е совршен избор.

Јајцата содржат многу протеин, имаат баланс помеѓу здрави и помалку здрави масти, како и селен, витамин А, витамин Б2, витамин Б5, и витамин Б12. Тие содржат и фолат, витамин Е, калциум, манган, цинк и железо.

Едно големо јајце содржи мал број на јагленохидрати, 5 грама маснотии, 6 грама квалитетен протеин и 77 калории. Важно е да се напомене и дека белката се состои целосно од протеини, додека пак во жолчката се наоѓаат останатите здрави состојќи.

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа