Жените со дефицит на витамин Д имаат 43% поголем ризик за развој на мултиплекс склероза. Ова го покажала новата студија на Институтот за јавно здравје на Харвард.

Оваа автоимуна болест влијае на нервните ткива на главниот и ‘рбетниот мозок, најчесто откривана на возраст меѓу 20 и 40 години.

Болеста е тешко да се открие додека не се појават симптомите. Веројатно заклучоците на научниците ќе доведат до развој на нов тест за проценка на ризикот од мултиплекс склероза.

- За да се намали ризикот од мултиплекс склероза, концентрацијата на витамин Д треба да се одржува во рамките на нормалниот опсег. Патем, одредени видови бактерии во цревниот тракт можат да играат важна улога во прогресијата на болеста - велат експертите.

Ова беше откриено од страна на научниците од Универзитетот во Калифорнија, кои спровеле студија врз 142 лица, од кои половината биле болни, а другите здрави. Истражувачите откриле дека одреден тип на цревни бактерии е почест кај луѓето кои страдаат од мултиплекс склероза. Тие ги вметнаа бактериите во глувци и сфатиле дека имале влијание врз имунолошкиот систем на глодарите.

Овие цревни бактерии не може да бидат единствената причина за болеста, но судејќи по сѐ, тие можат да влијаат на текот на болеста.

Кои се симтомите на недостаток на витамин Д?

Замор

Никако не ви се станува од кревет? Доколку постојано сте летаргични, и покрај тоа што спиете доволно часови, можеби имате недостаток на витамин Д.

Сува кожа и кршлива коса

Ова е најочигледниот знак за намалено количество на витамин Д. Имате чувство дека секое средство за кожа или коса е едноставно немоќно.

Депресија

Витаминот Д влијае и на расположението. Доколку сте редовно нерасположени, земајте суплементи, што ќе ви го покачат нивото на серотонин.

Бавно заздравување на рани

Ова не е само знак на сериозен недостаток од витамин Д, туку и на други здравствени проблеми.

Доколку се пронајдовте во некои од точките, закажете преглед кај лекар, направете анализа на крвта и таа ќе покаже дали навистина се работи за намалено количество на овој витамин во организмот.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа