За време на есента и зимата, ризиците од грип и настинки постојано не демнат, а за телото да се справи со нив потребни се комплексни процеси кои зависат од многу фактори.

Еве каква храна треба да внесувате овој период за што подобар имунолошки систем...

Овошја и зеленчуци

Во многу испитувања било заклучено дека глувците на кои им бил даден кверцетин, состојка која ја имаат овошјата и зеленчуците, имале значително помали шанси да се разболат од грип.

Консумирањето на овошјата и зеленчуците меѓу другото и ја подобруваат циркулацијата на хранливите состојки (како витаминот Ц, цинкот и селениумот) во крвта, кои се корисни во борбата против грипот и настинките.

Лук

Лукот припаѓа на фамилијата алиум, и помага за подобрување на имунолошкиот систем.

Супа од кокошка

Според разни студии е заклучено дека супата од кокошка е еден вид на лек за настинката – обезбедува течности, антиоксиданси (доколку во неа има моркови и кромид), како и натриум и калиум.

Суплементи кои треба да ги земете в предвид:

Витамин Ц

Многу студии го имаат поврзано консумирањето на големи дози витамин Ц со зголемувањето на способноста на организмот да се бори со инфекции и со настинката, но треба да се внимава да не се претера со дозите бидејќи големите дози витамин Ц предизвикуваат дијареја и стомачни тегоби.

Витамин Д

Најдобар извор за овој витамин е сончевата светлина (поточно UV зраците апсорбирани од кожата), но и масните риби, жолчката од јајцата и црниот дроб.

Цинк

Цинкот го има во храна како сусамот и семките од тиква, леќата и мисирката. Докажано е и дека го намалува времетраењето на настинката.

Пробиотици

Студија од 2017 врз животни покажала дека специфичен микроб во стомакот кој се активира со внесување на флавоноиди кои ги има во чајот, црното чоколадо и бобинките, помага при редуцирање на ефектите на грипот.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа