Младите девојки за да изгледаат поубаво и посекси ги прескокнуваат оброците и значајно го намалуваат внесот на калории со цел да направат место за калории од алкохолните пијалоци.

Ваквото однесување колоквијално во медицината се нарекува “пијанорексија”, меѓутоа таа појава сè уште не е призната како пореметување во исхраната, која е многу слична на типичната анорексија.

 Блогерката Ели Мекинел објаснува дека пијанорексијата е нуспроизвод од притисокот со кој се носат младите девојки по прашањето за консумирање на алкохол и одржување на витката линија.

- Доколку излегувате на вечера, пијалок во паб или целовечерно излегување, од вас се очекува да пиете нешто - вели таа за “The Independent”.

- Сите алкохолни пијалоци се полни со празни калории, а од нас девојките се очекува да бидеме слаби - вели Мекинел.

- Јас и другите девојки кои ги познавам пиеме онолку чашки вотка колку што е потребно за да се опиеме. Меѓутоа, додека пиеме, ги броиме калориите – тоа значи дека нема вино и коктели.

Пијанорексијата не е официјално признаено пореметување, но сè уште не се познати сите симптоми на ова пореметување. Експертите сметаат дека оние кои патат од пијанорексија, во текот на пиењето внесуваат празни калории преку алкохолот кои потоа ги чистат од организмот со изгладнување.

Консумирањето на алкохол на празен желудник е инаку лоша идеја бидејќи може да доведе до труење со алкохол. Ваквото однесување може да доведе до болести на срцето и црниот дроб.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium