Vip

Зимските месеци се оној период од годината кога настинките и грипот имаат најголема распространетост. Еден од најиритирачките симптоми кои се појавуваат за време на сезоната на грипот и настинките е кашлањето.

Поради фактот што кашлицата знае да биде многу здодевна појава која честопати го нарушува и сонот, многу луѓе покрај вообичаените таблети за смукање и сирупи, се повикуваат и на природни лекови од народната медицина, сè со цел што побрзо да се ослободат од непријатното кашлање. Но најпријатно е да употребувате природни лекови.

Морковите се неверојатно здрав зеленчук – тие се сјаен извор на витамин А и каротен, добри се за алергии, анемија, реума, проблеми со варењето, ја чистат крвта, полни се со железо, магнезиум, калциум, фосфор и други скапоцени минерали. А сјајни се и во зимата, кога ве мачи кашлица, особено ако ги подготвите на следниот начин.

Се  што ви треба е:

  • 1/2 килограм моркови
  • 3-4 лажици мед
  • 2 лажици свежо исецкан ѓумбир

Подготовка:

Исецкајте ги моркоите на ситни парчиња и ставете ги во сад во кој ќе сипете вода која треба само да ги прекрие, па ставете ги на среден оган. Кога водата ќе зоврие, додадете го ѓумбирот па оставете го да се вари додека не омекнат морковите. Потоа процедете ги морковите и ѓумбирот, но не ја фрлајте водата. Морковите и ѓумбирот ставете ги во блендер и блендирајте се додека да добиете хомогена паста, а кога водата ќе стане млака додадете го и медот и мешајте додека не се растопи.

Потоа додадете ја и пастата од морков и ѓумбир и блендирајте додека да добиете сируп.

Како се користи:

Консумирајте 3 до 4 лажици секој ден. Би требало кашлицата и исфрлувањето на секретот после вториот ден да ви бидат значително олеснети.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila