Во рамки на истражувањето објавено во Health Affairs, научниците успеале да поврзат три здрави навики – непушење, одржување на нормална тежина и умерена консумација на алкохол – со седум дополнителни години живот. Авторите се надеваат дека нивното откритие ќе биде повик за луѓето да ги променат нездравите навики.

За да ги испитаат ефектите на специфични здравствени однесувања на долговечност, научниците од Универзитетот во Мичиген и Институтот Макс Пленк, за демографски истражувања во Германија анализирале податоци на повеќе од 14.000 Американци, од 40 до 89 години, вршејќи испитувања околу нивното здравје и начин на живот секои две години.

Mажите и жените во истражувањето имале очекуван животен век од 77.7 и 81.4 години. Но, луѓето кои никогаш не пушеле и имале индекс на телесна тежина помал од 30 (праг за дебелина), обично живеат четири до пет години подолго од општата популација.

Кога научниците ја вклучиле и консумацијата на алкохол, откриле дека оние кои умерено пијат – помалку од 14 пијалаци неделно за мажи и седум за жени, живееле седум години подолго од општата популација, како и тоа дека тие години во главно исто така биле поминати без инвалидитет.

„Овие откритие имаат импликации не само за поединците и нивните семејства, туку и за здравствениот систем во целина“, изјави водичот на истражувањето Нел Мехта од Универзитетот во Мичиген, кој овие дополнителни години ги нарекол огромен бенефит.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium