Зимскиот период поради ладното време изобилува со многу собиранки на затворен простор како што се различните настани, семејни ручеци, празнични забави и многу други активности кои ни дозволуваат да се опуштиме во однос на оброците.

Но секогаш треба да внимавате на своето здравје но и фит фигура, па затоа прочитајтеги овие неколку совети кои со сигурност ќе ви помогнат да останете здрави и фит во зимскиот период.

Намалете ја консумацијата на месо, користете печурки за замена

Не само што ќе го замените месото со овие габи, туку и печурките содржат природни антибиотици кои ќе го зајакнат вашиот имунитет. Особено е препорачливо кај луѓе кои внимаваат на исхраната и се на диета.

Јадете зелени и портокалови овошја и зеленчуци

Постојат илјадници рецепти каде што можете да ги комбинирате зелените и портокаловите овошја и зеленчуци како што се портокал, кељ, спанаќ, тиква и многу други. Полни се со витамини и нутритивни состојки кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и спречуваат и настинки.

Гответе со зачини

Кромидот, лукот, целерот и ѓумбирот се само дел од зачините кои можете да ги користите во готвењето, а со тоа и да ја зголемите функцијата на имунолошкиот систем.

Не заборавајте да вежбате

Доколку сте презафатени и немате време за да одвоите за одење во теретана, одвојте 20-30 минути секој ден за да вежбате во домашни услови. Бидете искрени и признајте си дека 30 минути секогаш можете да одвоите за да повежбате доколку навистина сакате.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа