(утре) Вторник (во име на старите добри времиња):
1. Математика (напиши на брзина лектира кај Митруш, па после „на работа“, „зашто сакаме да учиме“ за деца со посебни афинитети 5 плус, 5 со ѕвезда, аплауз и дајте нека ги реши некој од генерација задачите, па да копираме пред тест, 3.13. ќе се падне-„јавна тајна е“)
2. Македонски (моли се Роза да не те крене да читаш, а камо ли да коментираш, зашто „ова ќе ти треба за матура“ и знаеш можеш да добиеш „нула“ и „НЕ ЗНАМ одвоено се пишува)
(во футерот) *Луси (ту гуд ту би тру) *Екатерина (ту бед ту би...„ќе се консултирам со авторот“)
-----------ГОЛЕМ ОДМОР (мафин, пица, блага во Козле)!----------
3. Биологија (разоружај се пред врата-менѓуши, ланчиња, прстени, не дај Боже пирсови, крстови, седи и гледај во клупа, сконцентрирај се да не кашлаш, киваш, мрдаш, шушкаш и уште еднаш гледај во клупа за да не те праша Пацка: „ученик која е функцијата на гласните жици“, зашто тогаш „нека ти помага ОНОЈ горе“)
4. Физичко (тренерките врз фармерки и прави се дека играш одбојка или кажи му на Перо дека ти е третпат овој месец...за машките неоправдан...живот)
5. Француски (Тања пак дала домашна, на голем одмор ја повторуваш последната за кај Пацка, ако не стигна да склопиш две реченици француски, Тања има обзир, ќе закасни пак, пенкалото во рака, па Bonjour madame)
6. Англиски (Убрзај, Каролина ќе те заспише, кога ќе влезеш веќе почнала со ”Let me now check your answers...” и после пробувај да не заспиеш, пробувај, не, не, не, труди се, немој!)
7. Историја (Филип да стане и да и каже дека не сме спремини за овој (никој) час...ќе предава Вера..и „за нареден час да најдете во колку саат Ченто ја има истурено чашата со вода и на кое заседание? ...а и ако некој има Историја на Македонскиот народ, да прочита како реагирале присутните на тој негов чин?...За Македонија мора се да знаете!“)
8. Физика (Уј, не, не, нееее...ај нека ме испраша Једина за таа една лекција што ја научив, па после да спијам до крај на полугодие и да паднам Физика 1 на факултет, зашто не сум решила 1 задача во живот...)
9. Филоз/софија (Сидо легенда, овој или нареден час ќе ги донесе книгите, цел час збори и пак не ми е досадно, може и овој час да правиме есеј, ќе напишам минимум 4 страни на пример: Денес носам темни фармерки, црна блуза и патиките што ми ги купи мама за роденден, чат пат спомни го Сократ, Аристотел, Платон, важно текстот да има три дела: вовед, главен и заклучок...Сидо легенда)
10. Бизнис (Што е бизнис? м? Ајде да напишеме план(4е) Како се викаше професорката? :\)
11. Социологија („Дамески, БЕЗ В, „Државата е крива за се, Директорот врска си нема од водење школо, Димитрија на место на Драгче, на отсутните прво името им се кажува, па после презимето“, критериум за 5-ка, што е можно повеќе дискусии допиши си од позади во тетратката со ДЕБЕЛИ корици и плановите да ти бидат со пенкалца во боја, ако може)
12. Програмски (збори нешто, матрицата цик-цак вака ќе ја решам, професорке тоа со низа се прави, бла бла...тачно, за 3-то тромесечие од Валентина имаш седамсто во дневник и 100 поени на прв Структурирано, а 45 на втор, пошто за рекурзии и матрици си бил ослободен од тест...тогаш радувај се, после треси се, за малце ќе го паднеше цел испит)
13. Информатика (Жаклина рече проредот да биде 1.5, а фонтот 12 и секој параграф повнатре два прста во Word или нема да ви ја прифатам проектната)
14. Ликовно („ти фалат 123 цртежа, КЕЦ, ќе ти го поправи Лидија кога ќе и ги донесеш, а може и на продолжителна да идеш“)
15. Музичко („Весна ли и беше името, „планот кој ќе го диктира: наслов: Моцарт свирел на тапани“ :/)
16. Географија ( -Личков: „(пр.)бр. 16, Порфавор, кажи ми од кој камен извира Црна Река“ -бр 16: „..не знам“ -Личков: “Седи за овој час си апче“ за нареден избриши си го минусот во дневник и пак дежа-ву...-Личков: „бр. 16 Абе тебе не те имам прашано до сега?“ -бр 16: „..не, професоре“ -“Добро, од кој камен избира Црна Река?“ -бр. 16: „..не знам“ -Личков: „Седи, за овој час си апче“...)
17. Хемија (има ли некој друг освен Мони и Радo во класов што Печијарева ќе го тера да пишува реакција на распаѓање на дифлуоромонофосфорохлориД на табла? или така тоа махинално...)
18. Анализа (Дај Боже да ми се падне смајли на прва, смајли на втора задача и да имам 5 без да правам тест...ама нема таква среќа...пак имам два интеграла...пробувам да не ги „гледаш точкасто“ За Нова Година, за 4-ките-5-ки, за 5-ките Милка чоколадо!)
19. Линеарна (Сузе има на Електро завршено, има магистерска за спремање и нов прстен и како не сфаќате, апстрактно е, ама тоа е тој носечки вектор, гледате се сечат двете рамнини)
20. Алгебра (ако имам 4 плуса ќе имам оценка плус во дневник од тестот и за Нова Година дава поправден Павлина)
(Једина се јавила на овие Докторите од оправданијата, „такви амбуланти воопшто не постојат, не знам кој ви ги дава овие оправданија!!!!? Пак еденмилионтристашеесетипет неоправдани!“ :@ )
НЕ ПРОФЕСОРЕ, НЕ МИ ФАЛИ КОРЧАГИН, НЕ МИ ФАЛИ (ај свеар) :'(
p.s. Апел до Топлификации: Парното да поевтини
