Vip

teodor-petkovskiТеодор Петковски е ученик во средното училиште „Марија Кири Склодовска“. Вложи многу труд и беше многу упорен да го објавиме овој текст со кој сака да го искаже личниот придонес и своето размислување за соживотот на етничка и религиозна база во главниот град.

Имајќи предвид колку ова му е важно нему и колку оваа тема воопшто е важна, го објавуваме неговиот текст во целост.


Си давам за право да го одпочнам овој текст, бидејќи пораснав на улица. Си давам за право бидејќи од најмалите години, не носеа на екскурзии во Сарај и на кале.Си давам за право бидејќи сакам,да ги освестам Скопјани,како човек кој е добредојден како гостин во сите класни заедници на сите етнички групи во моето училиште (Босанци,Албанци,Турци,Срби...)имам и другар во нашиот клас што е по потекло Бугарин.. и исто со него немам никакви замерки,ниту етнички проблеми.Како го постигнав тоа?!Едноставно,кога не си дел од конфликти и кога РАЗБИРАШ и знаеш што значи зборот МИР и колкава тежина има,тоа е многу лесно.Во моето училиште ЗА ПРВ ПАТ одкако е изградено веќе 60-70 години изби така наречен„етнички проблем“ меѓу професор (Кој лично добро го познавав и ми остави добар впечаток,воедно и професор што ќе ми помогне во изучувањето на Албанскиот јазик кој е доста преспективен јазик) и еден или двајца ученици.НЕМА да навлегуваме и да коментираме настани и да водиме полемика,што е најстрашно политика НЕ.Имам неколку другари кој навистина не им е грижа што се случува во политиката и во политичкиот сектор(би сакал сите да се како нив).ДОДЕКА ПАК други активисти на икс партии од икс националности се премногу радикални, и прогесивни во својте ставови и за жал политиката ја внесуваат на место кај што таа не е предвидена да биде(УЧИЛИШТЕ).Втора грешка нивна е самото многу длабоко пенетрирање ќе си дозволам да речам,во самите политички води од наши 16 години !!Масовна департизација,толеранција,ВОЗДРЖАНОСТ меѓу младите е сонот,кој за да се оствари прво треба да го сонуваме.Исто како што Мартин Лутер Кинг сонуваше за мир,воздржаност,толеранција,заедништво

на меѓу-расно ниво поточно меѓу црнците и белците во Америка,непосредно по нејзиното обединување.Сонот делумно му се оствари бидејќи и денеска се познати проблеми и тепачки таму на етничка основа.НО најважен е мирот и спогодбата.Ќе си дозволам да искоментирам на кратко за што е најважно ПАРТИСКИТЕ организирани протести кој го влакаат името на неколку Македонски клубови,кој не се поврзани со организирање на масовен протест и искористување на МЛАДИТЕ СИЛИ на државата кој се движечка сила и од нас младите зависи ДАЛИ утре ќе биде мирно или не.Се додека не подпаѓаме под сечиј влијанија.Апелирам до мојте соученици партиските маици да ги соблечат.Кога едно време ќе се воздржиме од носење на било какви симболи,на кој луѓето можат да изреагираат НЕГАТИВНО при тоа незнаејќи го нашиот карактер,зборам за тоа дека може и на еден Македонец да не му се допадне,носењето на обележје за клуб од соседната општина на друг Македонец.Воедно најдобар предмет што најмногу го сакам е и Социологијата и гледам да размислувам од објективен аспект на социолог(набљудувач).Значи нашата професорка (ќе ми простите повторно ја споменувам)социологот Елена Богеска (сега веќе Ташевска),не има подучувано на МНОГУ паметни работи и на добро постапување и однесување во случајов ја цитирам неа „Значи деца имајте предвид дека секогаш кога се случуваат вакви работи,нешто големо ќе се случи ве молам воздржете се“.Незнам колку Скопјани колку Македонци знаат за Дебарската свадба што се случи пред извесен период каде што младоженецот Албанец истакна Македонско знаме и при тоа беше горд самиот на себе.Незнам колку од партиските активисти знаат дека црквите што одат да ги палат,се цртани градени од МУСЛИМАНИ како што е најголем случај со црквите и културните богатства што ни ги оставиле татковците,и дедовците кој граделе мир а ние го рушиме и го пеплосуваме.Незнам колку радикални Македонци знаат дека џамијата за која скандираат Србска парола дека цитирам„Господе незнам што ми е,ми се пали џамија“ дека истата џамија за која што пеат,е градена од Македонци,дека истите везови на арапски со името на севишниот Алах се везени од млади моми Македонки,по селата и градовите?!ЗНАЕТЕ ЛИ?!

Знаете ли дека фрескописецот Ванчо Чаушовски (кој ми е и познаник)од Берово кој е по професија копаничар ИМА МНОГУ муслимани колеги што цртаат и работат на фрески во цркви.Дали знаевте?!предпоставувам не...За вас е важна политиката и насилството.ПРОТЕСТ не е протест кога ќе се излезе и ќе се дивее и мава со камења на полициски служебеници и кордони.ТОА НЕ РЕШАВА НИШТО.Вандализам е нешто што не треба да практикуваме.Тоа се изолирани фустрации,и комплекси на икс функционери во државата.АПЕЛИРАМ смиреност од Албанска страна додека не заврши истрага за 5то кратното убиство.

Ќе си дозволам да набројам имиња на луѓе кој стојат позади идеата за воздржаност која секако не произлегла само од мене,Ален осман,Селма мехмед,Албина Алим, ова се имиња на Турски и Албански мој другари и другарки кој се со мене  и во добро и во лошо од најрана воздраст.(Можете да ги видите и момците до мене на сликата од класот

I8 во „Марија Кири Склодовска“)НО не се само тие.Постои и група на фејзбук под име„МАКЕДОНСКО АЛБАНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО“ креирана пред 2 години,во која се трудиме да дојде до издраз нашата порака ЗА МАКЕДОНИЈА БЕЗ НАСИЛСТВО ВРЕДИ ДА СЕ ЖИВЕЕ.Да си фатиме девојки,наместо пиштоли во раце!!Да ја сватиме тежината на зборот МИР и да не дозволиме да пенетрира политиката во нашите души и срца.Ве сака Теодор Петковски

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila