Vip

Резултатите од истражувањето кое гo спроведе независната компанија ГфК Скопје покажуваат дека инстант кафето е прв избор на 48% од македонските потрошувачи на кафе. Наутро во домашна атмосфера инстант кафето го конзумираат 23%, додека 12% од испитаниците секојдневно конзумираат инстант кафе.

nescafe-promocija-03

Попладневниот ритуал на пиење инстант кафе е префериран од страна на 44% од испитаниците за разлика од традиционалното кафе кое е конзумирано кај 41% од испитаниците. Најголем број од македонските потрошувачи (62%) најчесто пијат инстант кафе со пријателите. 34% изјавуват дека го пијат со колегите на работа, а 29% со членовите од семејството. Како главна причина за конзумација на инстант кафето е наведено задоволството односно уживањето во аромата и вкусот (55% од потрошувачите). Ова значително се разликува од она што македонските корисници очекуваат од традиционалното, пржено кафе, кое го пијат пред се’ за утринско расонување (65%).

Една четвртина од испитаниците го доживуваат инстант кафето како модерен бренд, а освен тоа како голема предност ја истакнуваат широката достапност на инстант кафето (19%). Кога станува збор за квалитетот на инстант кафето, 48% од испитаниците смета дека односот на квалитет на производот наспроти цена е добар. Како дополнителни предности на инстант кафето испитаниците ги ја истакнуваат можноста кафето да се конзумира во текот на целиот ден, едноставниот начин на припрема, пријатниот вкус и арома. Во однос на конзумацијата 46% од конзуматорите во инстант кафето додаваат млеко, додека 64% изјавува дека конзумира топло инстант кафе.

nescafe-promocija-04

Nescafé – првото инстант кафе во светот

кафето се прска со ситни честички топол воздух. Процесот „freeze-drying“, односно Два основни вида на кафе се Робуста и Арабика. Робуста оригинално потекнува од Централна и Западна Африка, но сега главно се одгледува во Виетнам, Бразил, Индонезија, Уганда, Брегот на Слоновата Коска и Индија. Арабика потекнува од Етиопија, но најчесто се одгледуваат во Бразил, Колумбија, Мексико, Централна Америка, Перу и Источна Африка.

Бобинките кафе зреат полека и со зрелоста ја менуваат бојата, од светло зелена во црвена. Тој процес трае околу девет месеци. Бобинките обично се берат рачно, а во секој плод се наоѓаат по две зрна кафе. После бербата, зрната се одвојуваат на еден од следниве начини:

  • Процес на сушење каде што бобинките прво се сушат на сонце
  • Процес на одвојување на зрната преку серија механички процеси кои вклучуваат и вода. Откако кафето ќе се исуши, остатоците на зрното се отстрануваат со посебна машина. Конечно, уште еднаш се поминуваат низ сито и рачно се отстрануваат зрната кои не се добри за производство. Резултат од тој процес се зелените зрна кафе.

За да се произведе високо – квалитетно инстант кафе од зелени зрна потребна е експертиза и технички „know-how“. Процесот „spray-drying“, односно сушење – екстракт замрзнување – повторно загревање на замрзнатиот екстракт под низок притисок и на тој начин испарува вишокот вода.

nescafe-promocija-05

Nescafé Mild, Classic и Strong се 100% кафе, чиј вкус е потполно прилагоден на вкусот на потрошувачите.

Професионално тестирање на кафе

Аромата на кафето ја одредуваат многу различни фактори, вклучувајќи го видот, регионот и климата. Во професионалните лаборатории, тестирањето на кафе се вика „cupping“. Пред cupping-от, кафето се вари и се сипува во шоља со топла вода. На тој начин се добива водена кафе мешавина која се вкусува со посебна лажичка.

Експертите за кафе имаат важна улога во оваа дејност и во кафе индустрија воопшто. Квалитетот на зрното мора да се провери пред кафето да се испрати, и повторно, кога кафето пристигнува на саканата дестинација.

Секој вид мора да исполни одредени критериуми за вкус. Треба да се согласува и профилот на шољи.

Зрната кафе ја добиваат својата позната арома дури после печењето. Кафето содржи околу 800 различни состојки арома, што го прави еден од најароматичните прехрамбени производи. А со мноштвото на различни вкусови, кафето претставува задоволство за сите сетила, па експертите за кафе ја користат техниката „cupping“ за да го дефинираат кафето и одбраните мешавини. За да биде интензитетот на кафето високо концентриран, потребна е пракса и искуство за да се идентификуваат индивидуалните мириси и вкусови. Секој вид на кафе мора да исполни одредени критериуми за вкус.

И вие можете да станете кафе дегустатор. Како?

1.Подгответе го кафето

Кафето ставете го во шољата, но немојте да додавате млеко, шеќер или останати адитиви, бидејќи тие лесно можат да ви го нарушат вкусот.

2.Почуствувајте ја аромата на кафето

Сетилото за мирис во прв ред е одговорно за чувство и идентификација на супстанците како кафе. Луѓето различно ги проценуваат мирисите, а тоа се однесува и на мирисот на кафе. Почувствувајте ја аромата на кафето пред да го дегустирате. Која арома ја забележувате? Аромата може да биде егзотична, цветна, арома на вино, земјена, овошна, остра, слатка или чиста. 

3. Дегустација на кафе

Со првата голтка на кафе, вкусот и аромата на кафето брзо се чувствуваат низ сите сетила.

Ви предлагаме една едноставна вежба: Потрудете се да почувствувате каде на вашиот јазик можете да вкусите солено, слатко, или пак горко својство на кафето. Како би го опишале ова искуство?

4. Проценете го кафето

Создава ли кафето чувство на полн вкус на кафе на вашиот јазик?

Колкава доза на киселост забележувате?

Како би го опишале тоа чувство на полн вкус на кафе на вашиот јазик?

Какви се вашите импресии кои ги имате од кафето?

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila