Заврши тридневниот фестивал на кафето, кој за првпат годинава се одржа во Скопје.

 

kafe-main

„Кафе-фест“ траеше од 21-23 септември, а покрај носечкиот напиток, се служеа многубројни напитоци, кроасани, житарки за да не биде „на суво“ кафето. 

Вчерашната церемонија на затварање помина одлично. Во програмата беа вклучени награди за посетителите, коктели од кафе (алкохолни и безалкохолни), презентации од изложувачите, натпревари за најдобра декорација – Latte art, како и едукативни презентации - препораки и трикови како да се подготви најдоброто еспресо и капучино.

Сè уште нема конкретна бројка на посетеност на фестивалот, но според фотографиите и задоволните посетители дознаваме дека публиката била на завидно ниво, со оглед на тоа што викендов времето беше одлично за прошетки. 

1kafe

2kafe

3kafe

4kafe

5kafe

ФОТО: Никола Ѓаковски

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21