testament-thumbОва се неколку приказни, на луѓе, кои поради различни или пак непознати причини, го оставаат целото свое богатство на тотално непознати луѓе.

 

 

1. Полни џебови во панталони

Непознат жител на Њујорк, починал во 1919 година, и во тестаментот напишал, дека неговите 71 пар панталони, да се продадат на аукција а парите да одат за сиромашните во околината, но под услов, секој човек да може да купи само еден пар панталони. Подоцна се открило, дека всушност во џебовите на тие панталони, во секој пар, ставал по 1000 долари, што во денешни пари се работи за голема цифра, со што всушност дал пари на тие што всушност сакаат да помогнат на сиромашните, макар и преку аукција. На своето семејство не оставил ништо.

2. Стариот Џон Вајт

Се работи за еден англичанец кој починал на 97 години, а поседувал повеќе од 2 милиони фунти. Во тестаментот пишувало дека оставил 40,000 фунти на својот внук, додека другите пари ќе се поделат на многу голем број на училишта, цркви и организации, кои пак никогаш не слушнале или пак знаеле за него. Неговото семејство се шегува, дека цел живот сакал да прави изненадувања, па и после смртта, се држел до оваа негова карактеристика.

3. Шегобитиот адвокат

Во почетокот на 20-от век, починал канадскиот адвокат Чарлс Милер, кој бил познат по своите шали па така и вментнал неколку интересни точки во својот тестамент. Својата викендица во Јамајка, ја оставил на своите тројца пријатели, кои па не сакале ни очи да се видат меѓу себе, под услов, само ако сите живеат заедно во неа. На здружение активисти за заштита на тркачките коњи, им оставил 25,000 долари вреден дел од еден џокејски клуб. Најголемиот дел од своето богатство го оставил на најинтересен начин. Условил, по 10 години од неговата смрт, жената која има најмногу деца а живее во Торонто, да ги добие сите негови пари и имот што го има. Но ова не поминало така лесно, па се пријавиле четири жени кои родиле по девет деца, па по суд им бил поделен имотот на сите еднакво, со што покојниот Милер, го оставил своето богатство на 36 деца.

 

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа