Секако, вкусот е најважен во украсување на новогодишната елка. Но математичарите од Универзитетот од Шефилд, пронашле совршена формула за тоа како би требало да изгледа совршената новогодишна елка.

novogodisna-elka

Поточно израчунале совршена количина на лампиони, сијалички и украсна лента која би стоела на елка со определена висина. Секако тука е и ѕвездата на врвот.

Пример, ако елката е висока 170 сантиметри, според ова равенство, би требало да има 35 лампиони, 5,34 метри сијалички и 8,6 метри украсна лента. А ѕвездата на врвот, секако, би требало да биде висока 17 сантиметри.

Секако, ова не мора да значи дека ако имате плус минус лампион или должина на сијалички, дека ќе ви биде лоша елката, туку едноставно, математички гледано, не е според совршената формула за совршена елка.

 

ја сакам Македонија: тука
навивам за мојата репрезентација: тука

 

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа