Уште два дена е Велигден - еден од најголемите и најрадосни христијански празници.

Фарбањето на велигденски јајца е нешто на кое се радуваат децата, но и возрасните. Еве неколку примери на велигденско украсување на трпезата и домот.

vel0

vel2

vel4

Вештачки јајца - Направете интересен аранжман и накитете го со разни билки. Вештачките јајца закачете ги на гранки и направете интересен украс. Поиграјте се со бои. Вашите домашни ќе бидат воодушевени. 

vel3

Боење на јајца - Рачно насликајте ги ако сте вешти во тоа. Ќе изгледаат прекрасно. Употребете цветен мотив. Делуваат разиграно и весело.

vel1

vel5

Чоколадни идеи - Покрај јајцата, купете и чоколатца во разнобојна хартија. Наполнете ги стаклените вази и израдувајте ги вашите деца.

vel6

Во дворот - Ако имате малечка куќичка за птици, ова е прилика за нова декорација. Со неколку стракови цвеќе и фарбани јајца ќе изгледа интересно. Бидете оригинални.

vel7

Чинии - Украсете ги со салвета во боја и неколку велигденски јајца. Ќе пленат со внимание и веселост. Ако имате некои лентички и машнички, слободно искористете ги.

vel8

Во иста боја - Направете аранжман со цвеќе и украсете ја масата. Доколку ги вклопите боите на аранжманот со боите во вашата кујна, ќе имате полн погодок.

vel9

Цветни декорации - Наместо бонбони, велигденскиот аранжман направете го со цвеќе. Направете букет од цвеќиња и шарени јајца. Ќе изгледа прекрасно.

ја сакам Македонија: тука
навивам за мојата репрезентација: тука

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

cinedays

ceca

taks 300x250

cetinski

do-balcak

Мисла на денот
Виц на денот
Стрип на денот
Фото на денот
Со желба за знаење
galerija
  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа