Вашиот сакан ви раскина?  Шефицата повторно беше лошо расположени и ви се истури вам? Што и да ве стави во депресија, овие тактики на психолозите ќе ве извадат оттаму.

Глумете дека сте среќни

Кога се смеете, дури и вештачки, тоа праќа сигнали за среќа до вашиот мозок и прави да се чувствувате подобро. Гледајте во огледало додека се смеете, тоа ќе биде уште еден позитивен знак за мозокот.

Побарајте го најблискиот излез

Понекогаш за да пребродите лош ден најдобро е да станете и да си заминете. Тргнете се на страна од сите знаци кои може да ве потсетат на она што ве вознемирило.

Исфрлете ја негативната енергија

Отидете на час по кикбокс и исфрлете ја негативната енергија. Вежбањето ослободува ендорфин, кој ве прави посреќни. Обидете се со некоја поагресивна активност за побргу да ја надминете фрустрацијата.

Кажете си ги маките некому

Понекогаш потребно е само добро да си олесните на душата. Викнете ја вашата најдобра пријателка или некоја која е навистина добар слушател. Но пред да започнете кажете и да ве сопре после 15 минути зборување. Тоа е доволно време да си го симнете товарот од градите. Се повеќе ќе биде малтретирање за вас.

Фокусирајте се на нешто друго

Неодамнешна студија покажа дека лошото расположение ќе ве совлада ако му дозволите на умот да лута, затоа фокусирајте се на нешто за да се чувствувате подобро.

Пуштете си го омиленото телевизиско шоу, па вашиот ум ќе биде насочен кон туѓите животи, а не кон вашите проблеми. Но во вакви мигови избегнувајте стресни и негативни емисии и насочете се кон некое забавно и позитивно шоу кое ќе ви го задржи вниманието.

Почастете се со омиленото јадење или пијалак

Кога сте вака нерасположени почестете се со нешто што навистина го сакате, парче од омилената торта или чаша вино.

Само внимавајте да не изедете 10 парчиња торта или да го испиете цело шише вино и да го постигнете спротивниот ефект. Покрај нерасположени ќе бидете и исполнети со чувство на вина за екстра внесените калории.

Бидете мрзеливи

Лошото расположение може да ве натера да почнете да работите на вашата листа со обврски за да се чувствувате подобро. Напротив, ако се зафатите со илјада други работи ќе се чувствувате уште помизерно. Наместо тоа одберете лесна задача со видливи резултати. Станот ви е во хаос? Зафатете се со бришење на прозорците...

zj 300x250-min

mileniumbanner21