Поради своите познати трикови, Александра Костело стана ТВ ѕвезда, а нејзината видео-снимка која покажува интересни решенија стана хит.

Професионалниот организатор Александра Костело живее во најдобро организираната куќа во САД, и нагласува дека само со помош на неколку работи може на подобро да се трансформира вашиот животен простор.

Во интервју за британскиот “Дејли мејл”, таа откри како корисните работи може да ги направите организирани и достапни со помош на неупотребливи предмети.

Одличен пример за тоа е сад за печење кои ви ретко го користите. Во него можете да сортирате зачини, кои тогаш полесно ќе ги најдете. Таа вели дека старата решетката за сушење на миени садови може да стане голема папка за материјали во канцеларијата.

Оваа жена препорачува дека секоја вечер одвојува 15 минути за исфрлање на непотребни работи надвор од куќата така да на крајот од неделата нема да ја чека голем неред.

Костел сите трикови ги открива во видео материјал кој го ставила на својот сајт, а практичните совети ги воодушеви домаќинките од целиот свет.

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа