Vip

Плажа и мода на едно место, зарем има нешто што звучи попривлечно за сите тие околу вас? Летото е во полн ек, сезона на многу сонце, бои, шаренила и позитивна енергија. Не заборавајте да ги понесете со себе овие неколку работи доколку сакате да изгледате впечатливо и шик ова лето...

 

Шешири

 Можете да ги најдете во секакви бои, големини и модели и совршено да ги вклопите со секое парче облека. Трендсетерките едноставно ги обожаваат не само заради заштитата од сонце, туку и заради гламурозниот изглед кој ви го даваат. Фактот дека ќе го заштити вашето лице од сончевите зраци, а воедно е и модерен аксесоар што никогаш не излегува од мода е уште една причина зошто треба да го носите ова лето.

 Очила за сонце како огледало

ocila1008

 И ова лето следете ги стапките на модните блогери и заменете ги вашите монотони класични црни очила за шарени. Без разлика дали рефлексијата е во розова, црвена, сина или жолта боја, овие очила ви даваат свеж и разигран изглед. Со нив ќе изгледате впечатливо и привлечно и ќе го крадете секој поглед, а истовремено ќе ги заштитите очите од штетните UV сончеви зраци.

Сламени чанти

Woman-with-beach-bag

Украсени со чипка, ресички, платно, совршено ќе се вклопат во секој ваш летен аутфит. Без разлика, поголеми или помали, важно е во нив да ги сместите вашите потребни работи: пешкир, паричник, телефон, омилената книга и се разбира да бидат лесни и комфорни за носење. Модниот свет е вљубен во овие сламени убавици.

 Кафтан

egzoticni-kaftani-za-na-plaza-001

Девојките имаат една дилема, што да облечат врз омилениот костим за капење. На летната модна сцена ова лето е кафтанот. Оваа лабава и широко наметка е омиленото модно парче на тренсетерките оваа сезона. Долго или кратко, со или без ракави, еднобојно или шарено, може да биде ваше омилено парче облека за на плажа. Со впечатливи очила за сонце, интересни чанти, морските локни и беспрекорниот бронзен тен, нема нешто што повеќе се вклопува од секси и заводливиот кафтан.

Лепези

com content 51631 600

Трендовите доаѓаат и си одат, но лепезите никогаш не излегуваат од мода. Затоа ова е парче што секоја дама треба да го има во својата чанта. Еднобојни или шарени, сламени или дрвени, овој префинет моден детаљ е незаобиколен додаток ова лето. Да се разладите во најтоплите денови, а истовремено да изгледате впечатливо и грациозно. 

Необични гуми за во вода

ednorog1

Ова лето фотографиите на Инстаграм збогатете ги со необичните и откачени гуми во најразлични форми. Еднорог, лубеница, пеперутка и огромна крофна се на модниот трон ова лето. За која форма и да се одлучите верувајте дека уживањето ќе биде максимално.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila